| четврток, 6 декември 2018 |

Адријана Поп Арсова постави нов државен рекорд во маратон

Атлетичарката Адријана Поп Арсова го подобри македонскиот државен рекорд во најдолгата дисциплина, откако на маратонот во Подгорица истрча со резултат под три часа.

Таа трката во црногорската престолнина ја заврши за два часа, 59 минути и 43 секунди и беше четвртопалсирана во женска конкуренција.

Претходниот рекорд, исто така, и припаѓаше на Поп Арсова, а изнесуваше три часа и 37 стотинки и го постави пред само две седмици на маратонот во Ајндховен, Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top