| четврток, 6 декември 2018 |

Дочекавме со Грција во напад да сме немоќни, дајте други деца, крајно време е

По срамниот пораз на Македонија од Грција денеска во Кожани, со свој став се огласи и поранешниот македонски репрезентативец и актуелен тренер на суперлигашот Охрид, Горан Андоновски кој вели дека мора да им се заблагодариме на неколку поискусни репрезентативци.

– Прибак, Филип Лазаров, Велко Маркоски… едно големо БЛАГОДАРАМ за се што придонесовте за Македонија изминативе години. Но, дајте други деца, крајно време е. Подмладувавме со Лино, сега со Раул, а всушност ништо не подмладуваме. Секако ништо не играме, па барем да добиевме некој нов помлад играч. Дочекавме со Грција во напад да сме немоќни, да играме 7 на 6.

– Одбраната катастрофа со Попоски халф, Столе на средина и залудно го трошиме Талески кога не е одбранбен играч…. Ремонт, ама со Кире Лазаров во состав додека може човекот. Во спортот некогаш и аутсајдери победуваат ама барем сега да се свестиме дека мора да промениме нешто. Сепак, оваа генерација ни донесе многу радости како на репрезентативен така и на клупски план. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА. Не чека Светско првенство во Германија“, вели Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top