| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Сараево: Навивачите бесни поради поразот тргнаа да ги тепаат своите играчи (видео)

Босански Железничар овој викенд имаше прилика да му се доближи на само два бода на првопласираниот Сарево во Премиер лигата во Босна и Херцеговина, но тоа не им појде од рака. Железничар загуби од последнопласираната екипа на табелата Ѕвезда 09 со 0-1 и тоа во петтата и последна минута од судиското продолжение.

Веднаш потоа судијата свирна крај на натпреварот, а тоа ги разбуди навивачите кои влегоа на теренот и тргнаа кон фудбалерите на Железничар по поразот.

Играчите на двата тима се стрчале кон соблекувалните и само полицијата спречила да не бидат претепани од разбеснетите хулигани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top