
Денес се одржа Четвртиот Конгрес на ДОМ под мотото „Зелени вредности – трајна визија“ на кој беше избран новиот состав на Централен и Надзорен одбор на ДОМ, а за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин. Заблагодарувајки се на довербата, таа ја истакна убеденоста дека со тимска работа, преку соработка со граѓанските здруженија и Европските Зелени, ДОМ ќе има успешна иднина.
На Конгресот се обрати и досегашната претседателка Лилјана Поповска која го искажа задоволството што ДОМ е денеска, по 12 ипол, стабилна партија која го заокружи целиот циклус од иницијатива преку идеолошко профилирање како зелена партија, до полноправно членство во Европските Зелени. Им се заблагодари за соработката на колегите и изрази силно уверување за натамошниот напредокот на ДОМ во иднина, зашто има извонредни кадри, искрено посветени на зелените вредности.
На конгресот присуствуваа претставници на Владата, пратеници, претставници од политичките партии од Македонија (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ВМРО-НП, ПЦЕР, ПОЕН, Демократски сојуз на Власите, Демократски сили на Ромите, Партија на пензионерите, ПЕП 21), од зелените партии од Грција, Бугарија и Србија, претставници од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


