| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен мажот кој со калашников пукаше во албанската полиција

Албанското МВР соопшти дека припадници на специјалната албанска полиција Ренеа, попладнево го убиле напаѓачот на полициската патрола во јужна Албанија кој пред почетокот на свеченоста на грчки празник, кај гробиштата на грчките војници кај селото Буларат областа Дропул, пукаше во полицијата.

Според албанските медиуми, 35 годишниот Констадинос Качифа, со огнено оружје калашников пукал во полицијата, а цел му било да предизвика инцидент. Качифа според истите извори бил албански државијанин инаку етнички грк и повеке години живеел во Грција. Сепак засега нема официјална информација за причините на инцидентот.

Медиумите јавуваат дека и покрај инцидентот свеченоста по повод грчкиот празник во селото Буларат била одржана. Албанската телевизија Топ Чанел вечерва јави дека токму убиениот вчера го украсил селото со грчки знамиња и планирал инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top