Вчера околу 07 часот од страна на вработен во Итна медицинска помош во СВР-Тетово пријавено е дека кај нив е донесено починато лице. Од страна на Полициската станица од Тетово веднаш е постапено по пријавата каде што во содејство со увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО Тетово и доктор по судска медицина извршен е увид во возилото со косовски регистарски ознаки паркирано пред влезот на службата за брза помош, каде на совозачкото седиште се наоѓало безживотното тело на лицето Л.А. (67) од с. Глобочица Република Косово, а со место на живеење во Тетово.
Братот на починатото лице Л.С. (72) година од с. Глобочица Р.Косово, а со место на живеење во Тетово, појаснил дека околу 05:30 часот Л.А. дошол пред неговиот дом во Тетово и побарал од него да го префрли до Клиничкиот центар во Тетово и се пожалил на проблеми со срцето.
Л.С. со патничко моторно возило го донел неговиот брат Л.А до Клинички центар Тетово каде од страна на дежурен лекар било констатирано смрт кај Л.А. По наредба на ЈО на телото на починатиот извршена е обдукција и по обдукцијата истиот е предаден на фамилијата за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст