| четврток, 6 декември 2018 |

Не ги игнорирајте овие симптоми: 6 знаци кои покажуваат дека имате проблеми со срцето

Кај некои болеста е предизвикана од животниот стил, додека кај некои е генетски наследна. Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание…

Болка која се шири до рамената
Повеќето мажи чувствуваат болка во левата рака, додека кај жените болката се шири на двете раце. Некои жени исто така тврдат дека почувствувале болка во лакотот пред да доживеат срцев удар. Ова се случува бидејќи болката патува од срцето кон ’рбетниот мозок со кој се поврзани многу нерви, а тоа го збунува мозокот кој заклучува дека болката произлегува од некој дел од реката, иако тоа не е така.

Непрестајно кашлање
Иако кашлањето може да биде предизвикано и од други проблеми, тоа исто така може да биде знак за кардиоваскуларни болести. Доколку непрестајното кашлање предизвикува лачење розова течност која содржи крв, тоа честопати се поврзува со срцеви проблеми.

Недостиг на апетит и мачнина
Многу пациенти кои страдаат од срцеви болести често покажуваат недостиг на апетит или се жалат на мачнина, иако јаделе многу малку. Доколку овие симптоми се придружени со болка во абдоменот, се препорачува посета на доктор.

Зголемено ниво на анксиозност
Неколку истражувања покажале дека луѓето кои страдале од анксиозност се клони на болести на срцето. Анксиозноста може да биде предизвикана од стресниот начин на живот. Некои од последиците што анксиозноста може да ги предизвка на срцето се тахикардија, зголемен крвен притисок и намалување на срцевите отчукувања.

Губење свест
Многу луѓе кои страдаат од срцеви проблеми често губат свест или се чувствуваат слабо. Доколку срцето не пумпа крв нормално, тоа обично е знак на затнати артерии. Ако ви недостига воздух или се онесвестите на краток временски период, одете на доктор и проверете ја работата на срцето.

Бледост или сина кожа
Ова не е еден од најчестите симптоми, но доколку се појави, означува намален проток на крвта и недостиг на крвни зрнца. Меѓутоа, доколку забележите дека сте побледи од вообичаено немојте да паничите. Направете тестови на крвта и проверете дали имате анемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top