| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Срамен пораз, шлаканица за сите нас

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров по денешниот пораз од Грција посочи дека играта и попладнево беше за целосна осуда. Вели дека ова е голем шамар за сите нив, заслужен порази додава дека заслужуваат критики од целата јавност“.

„Срамен пораз, добивме „шлаканица“ од грчката репрезентација. Ја заслужуваме секоја осуда и критика за нашата игра. И против Турција игравме лошо, денеска воопшто не се поправивме. Тоа што го кажав по натпреварот во Битола, ни се повтори. Веројатно никој не ме сфати сериозно. Квалификациите не се загубени, има уште многу натпревари, но ова е голем удар за нашата репрезентација“, изјави капитенот.

Квалификациите продолжуваат во јуни следната година со двата натпревари против Исланд, кој е лидер во нашата група со две победи од исто толку натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top