| четврток, 6 декември 2018 |

Се пишманија: Грчката телевизија не пиша МКД, па корегираше во ФИР

На почетокот на натпреварот меѓу ракометните репрезентации на Македонија и Грција кој се игра во Кожани, грчката национална телевизија ЕРТ во етер ја пушти графиката на која нашата репрезентацијата беше потпишана со скратеницата МКД.

Но, по петнаесетина минути Грците се премислија и наместо официјалната графика од ЕХФ, ја пишаа кратеницата ФИР (FYR), која никаде не постои и не фигурира како кратеницата за нашата земја.

Македонски и грчките ракометари се среќаваат во натпревар кој поради политичките односи е проглсен за високоризиечн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top