| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмените се уште ги чекаат парите кои им ги вети Владата

Бизнисмените во земјава се уште ги чекаат парите кои им ги вети Владата минатата година при презентацијата на пакетот за помош домашните фирми. Законот беше усвоен во мај годинава и требаше да ги изедначи домашните и странските фирми, но парите не се легнати на сметките на македонските компании кои оствариле раст во последните три години и кои не отпуштиле работници. Се уште се вршат анализи на Законот и се проверуваат доставените апликации, вели за Алсат М министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил. Според него, 106 компании ги исполниле условите за добивање субвенции од државата.

„Некои компании на време не поднеле, некои компании имаат погрешна процена, или едноставно погрешен бизнис план. Затоа, дадовме време уште еднаш да се преиспита. Дел ќе ги добијат парите на крајот на годинава, а дел по нова година, по направената точна проценка и оценка за средставта кои тие ги побарале од страна на Владата“- изјавил Аднан Ќаџил- министер за странски инвестиции.

Од Министерството за финансии потврдија велат дека досега кај нив не е пристигнат ниту еден налог за исплата на субвенција на домашна фирма согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Додека домашните фирми чекаат, Владата годинава се договори со 13 странски компании кои веќе почнаа да работат и да добиваат субвенции. Власта освен ветувањето за помош на домашните фирми, убедуваше дека сите договори кои ќе бидат потпишани со странските бизнисмени, ќе бидат јавно достапни на сајтот на Владата. Засега ниту еден не е објавен.

„Тие ќе бидат објавени на сајтот на Владата. Првите договори се потпишуваат со слободните економски зони. Вторите договори се за субвенциите и се потпишува со Владата и тие се во фаза на потпишување. Во оној момент кога ќе се потпишат тие договори во тој случај ние ќе ги објавиме сите“. изјавил Аднан Ќаџил.

Од владата тврдат дека во текот на нивниот мандат странците инвестирале во земјава над 100 милиони евра. А бројот на вработени според најавите на инвеститорите ќе надмине 10 илјади лица.И додека домашните бизнисмени чекаат да добијат ист третман како нивните колеги од странство, доцни и на големо најавуваната владина транспарентност за тоа колку државни пари ќе добива поединечно секој странски инвеститор.

Извор: Алсат М

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top