Се чини дека Меган Маркл моментално е најголемата ѕвезда во британското кралско семејство, а затоа најзаслужен е интересот што луѓето го покажуваат за секое нејзино појавување во јавноста. Но една од последните појавувања, дошло до мал инцидент поради што фановите ѝ замериле на војвотката.
Имено, таа отишла на еден од локалните пазари на Фиџи, а иако требала да помине 20 минути таму, обезбедувањето на тргнало по шест минути, бидејќи според нивната проценка, преголемиот број на луѓе кои дошле да ја видат претставувале потенцијална опасност за неа.
На видеото што се појавило во јавноста може да се види како шефицата на обезбедувањето на Меган доаѓа со останатите помошници до војвотката и ѝ објаснува како мора да тргне со нив за да не ѝ се случи нешто лошо.
Фановите ѝ замериле на Меган поради оваа постапка, бидејќи, како што може да се прочита на социјалните мрежи, никој не сакал да ја загрози. Имено, присутните останале разочарани, бидејќи ја пропуштиле можноста да поразговараат со неа.
И покрај овој инцидент, не можела да помине незабележана ниту нејзината модна комбинација. Меган за оваа прилика носела шарен фустан од брендот „Figue Love“, a истиот ден и принцот Хари привлекол внимание кога се појавил во несекојдневна кошула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст