| четврток, 6 декември 2018 |

И БиБиСи објави дека газдата на Лестер и неговата ќерка биле во хеликоптерот

Сопственикот на Лестер, Вичај Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што се урнал синоќа околу 21.30 часот во близина на стадионот „Кинг Пауер по мечот на „лисиците“ против Вест Хем (1:1) во 10. коло во англиската Премиерлига. Веста, покрај „Скај спорт“, ја пренесе и „Би-Би-Си“ кој се повикува на извори блиски на семејството на тајландскиот милијардер. Леталото, како што пишуваат медиумите на Островот, се подигнало нормално, достигнало височина од 200 стапки (околу 60-70 метри) по што одеднаш почнало да паѓа и за неколку секунди се претворило во огнена топка.

Покрај Шриваданапраба, меѓу патниците била и една од неговите ќерки, двајца пилоти и уште едно лице кое сè уште не е идентификувано. Трагичниот настан собра голем број на навивачи пред стадионот кои палат свеќи, положуваат цвеќиња и клупски обележја пред објектот. И компанијата „Кинг Пауер“ што е сопственост на Тајланѓанецот потврди дека тој бил во леталото, но не и дека загинал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top