| четврток, 6 декември 2018 |

Петрески: Требаат приоритети и да се избегне буџетирањето на преоптимистички инвестиции

Секоја година капиталните инвестиции се реализираат во околу 70 проценти, тоа значи дека треба да се направи приоритетизација, да се утврди што е приоритет, изјави Благица Петрески од „Фајненс Тинк“, во вечерашното издание на емисијата „Отворено на Алфа“.

Според неа, би било поефикасно Владата да се фокусира на покрупните капитални инвестиции.

  • На тој начин ќе се избегне буџетирањето на преоптимистички инвестиции, а неопходно е и да се зајакнат капацитетите на реализација – вели Петрески.

Таа нагласува дека е многу значајно среднорочно планирање наместо краткорочно или долгорочно. На пример, мора да се знае во колку фази ќе се гради патот, и што ќе треба да се направи во секоја фаза.

  • На пример, оваа година треба да ги планираме капиталните инвестиции за следните две – три, па кога ќе има промена на власта се да оди помазно – вели Петрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top