| четврток, 6 декември 2018 |

Како помина првото снимање на „Ѕвездичките на Пинк-Ол стар“ (галерија)

Вечерва со почеток од 18:55, ексклузивно на Алфа ќе можете да ја погледнете првата емисија од петтата по ред сезона на најгледаното музичко шоу на Балканот.

Оваа година, на едно место ќе се претстават најдобрите меѓу најдобрите.

Шоуто кое четири сезони по ред на едно место ги собира најдобрие млади талнети, овој пат ќе ги соочи гласовните способности на најталентираните натпреварувачи од изминатите сезони. Меѓу нив е и нашата Антониа Гиговска.

Повторно ќе навиваме за Антониа, утре почнува „Ѕвездичките на Пинк-ол старс“

По четири успешни сезони и неколку илјади децачиња и повеќе од 400 емисии, во петтата сезона ќе се натпреваруваат 36-те најдобри учесници.

Ексклузивно на Алфа, секој викенд, почнувајќи од денска во 18:55 ќе имаме можност да ги чуеме: Валентина меќ, Исидора Митиќ, Лена Стаменковиќ, Дуна Јеличиќ, Давид Радосавлевиќ, Павле Васиљевиќ, Матеј Вукашиновиќ, Игор Лазаревиќ, нашата Антониа Гиговска, Дарија Врачевиќ, Нико Пуриќ, Урош Станковиќ, Жарко Прибаковиќ, Велика Чачиќ, Томе Миловановиќ. Катарина Радуловиќ, Бојан Радовановиќ, Марина Станковиќ, Татјана Саватиќ, Комен Вуковиќ, Сергеј Пајиќ, Давид Марковиќ, Тодор Китановиќ, Теодора Марковиќ, Иван Димковски, Теодора Тара Стојановиќ, Љиљана Плавшиќ, Томислав Божовиќ, Петар Булатовиќ, Селма Бериша, Милица Илиќ, Никола Миленковиќ, Амне Алајбегоиќ. Леонора Гаши, Емин Симоновиќ и Ирина Арсениевиќ.

И жирито претпре промени во оваа сезона. На црвените столчиња годинава ќе седнат Наташа Беквалац и Кристина Коцкар која победи во претходната сезона на реалното шоу Задруга.

Појачување доби и водителката Маријана Мичиќ, на која сега и се придружува и Ана Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top