Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито. Во текот на денот на запад и на југоисток ќе се зголеми облачноста. Ќе дува умерен дозасилен јужен ветер особено изразен во југозападните делови и долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 24 степени.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд особено на југозападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст