| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е Вичај Шривадханапраба?

Кој е сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер чиј хеликоптер вечерва се урна веднаш по полетувањето од стадионот каде Лестер играше натпревар во рамките на Премиер Лигата.

Тајландскиот милијардер Шривадханапраба има 60 години и клубот го зема во свои раце во 2010 година. Во изминативе 10 години успешно се справува и го води клубот во нагорна линија.

Шест години откако клубот беше во рацете на Вичај стигна до сензационалната шампионска титула.

Секој натпревар тајландскиот милјардер го следи во живо, доаѓајќи со својот хеликоптер.

Дали вечерашниот натпревар бил последен за него, се уште нема информации.

Хеликоптер за кој се верува дека го превезувал Вичај Шривадханапраба, сопственикот на англискиот фудбалски прволигаш Лестер, се урна во близина на стадионот „Кинг пауер“ непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем.

Идентитетот на патниците засега не е познат, ниту дали има преживеани. Несреќата се случи еден час по одигрувањето на средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top