| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца искрено околу свадбата на Анастасија: Тоа е сон на секоја мајка!

Светлана Цеца Ражнатовиќ постигна се во животот и сега ужива во плодот на нејзината работа, но и во успесите на нејзините две деца Анастасија и Вељко. И додека и дели совети на наследничката и со големи чекори гради музичка кариера, и понатаму тешко и паѓа кога го гледа нејзиниот син во рингот.

Пејачката во едно интервју говори за нејзините деца, а на прашањето дали потајно посакува да ја види Анастасија во венчаница, таа одговара дека тоа е сон на секоја мајка.

-Не зошто што е моја ќерка, но таа е убава, добра, паметна и бистра девојка. Сметам дека уште не и е време за брак, но кога таа тоа ќе го посака, од мене ќе има подршка. Што се однесува до мене, не мора да брза. Секако, ако дојде до тоа, се знае дека мајката ќе биде највесела на свадбата, изјавила Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top