| четврток, 6 декември 2018 |

Глен Ходл во критична состојба е хоспитализиран

Поранешниот англиски репрезентативец Глен Ходл е хоспитализиран и неговата здравствена состојба е критична. Ходл, на својот 61.роденден, колабирал во студиото на БТ Спорт. Телевизијата веднаш ја откажа емисијата во која требало да се анализираат саботните натпревари во Премиер лигата.

Англискиот сервис ББЦ јави дека здравствената состојба на Ходол е критична, но дека добро реагира на лекарските третмани. Ходл во кариерата одиграл 53 натпревари за Англија, а најдобриот период во кариерата го имал во Тотенхем.

„Многу загрижувачки информации, дека Глен Ходл се срушил во студиото. Нашите мисли се со него и со неговото семејство. Ајде Глен“, напишал на Твиер, просалавениот англиски репрезентативец Гери Линекер.

Ходл во кариерата со Тотенхем триумфирал во Фа купот и Купот на УЕФА, а настапувал и за Монако, Свонси и Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top