Сексот треба да биде активност за уживање, но не тече секогаш сѐ така глатко и може да се случи „од играчка-плачка“.
Едно најново истражување на здравствената компанија euroClinix покажува кои се најчестите повреди здобиени за време на секс.
Некои повреди се прилично очигледни, додека други се малку почудни и најверојатно им се случуваат на оние кои се малку поавантуристички настроени во кревет (или на друго место).
Најчеста повреда кај жените е појава на ранички на вагината и појава на инфекција на уринарниот тракт, додека кај мажите најстрашна повреда е скршен пенис, но тоа за среќа се случува многу ретко.
Истражувањето исто така покажа дека од 2.000 испитаници од Велика Британија, дури 22% од испитаниците на возраст од 18-24 години рекле дека се имаат повредено за време на секс на некаков начин.
Ова се осумте најчести повреди (и негативни последици) од секс што не вклучуваат сексуално преносливи болести, и совети како да постапите во таков случај:
Ранички на вагината – Користете лубрикант ако немате доволно природна влажност. Посетете лекар ако пецкањето продолжува и апстинирајте од секс додека не се затворат раничките бидејќи се идеална површина за развивање инфекција.
Осип од триење – Најчесто се јавува од триење на кожата на тепих или груб мебел-штоф. Измијте го тој дел од кожата со ладна вода и антибактериски сапун.
Предмет во вагината – Ако некој дел, или цел предмет, што сте го користеле во секс-игрите пропадне во вагината веднаш побарајте помош од лекар.
Повреда на грбот – Ставете ладна облога на болното место или гел за опуштање на мускулите.
Истегнат мускул – Ставете ладна облога и напијте се ибупрофен за секој случај.
Иритација од храна – Измијте ја кожата со ладна вода и сапун и ставете облога со ладно млеко.
Инфекција на уринарниот тракт – Чувствувате пецкање кога уринирате? Посетете го гинекологот за потврда на инфекцијата и нека ви препише терапија.
Скршен пенис – Ова не е честа повреда, но за секој случај, треба да го знаете ова: Не ставајте мраз и веднаш упатете се во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст