Латино ѕвездата Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез се заедно од март минатата година, а таблоидите веќе на неколку пати пишуваа дека таа наскоро повторно ќе го каже судбоносното “да”. Парот секојдневно објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а и на јавните настани често се појавуваат како семејство, Џенифер со нејзините деца и Алекс со своите ќерки.
Гласините дека тие се вериле се разгореа откако Алекс објави кратко видео од Џеј Ло на својот Инстаграм профил, а сите го забележаа огромниот дијамантски прстен на раката на пејачката, кој навистина е тешко да се промаши.
Обожавателите веднаш започнале да им честитаат во коментари, бидејќи сметаат дека се работи за веренички прстен, но тие сѐ уште не објавиле дали навистина станува збор за веридба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст