| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово загинал вработен во „Јасен“ – Му откажале сопирачките на службеното возило

Млад човек, вработен во јавното претпријатие „Јасен“, утрово управувајќи со службено возило, откако му откажале сопирачките, загинал на лице место, јавува порталот Лидер. Со ова јавно претпријатие за стопанисување и заштита на повеќенаменското подрачје управува Новица Зечевиќ, брат на Миле Зечевиќ, шеф на Републичкиот изборен штаб на СДСМ.

Според извори на порталот, загинатиот кој е вработен во „Јасен“ утрово со комбе превезувал вработени во резерватот. Комбето, кое не било регистрирано, а во кое имало најмалку шест лица, во еден момент завршило во карпест дел, откако му откажале сопирачките. „Јасен“ е целосно затворен, а увидот на лице место од екипи на МВР сеуште трае.

Останува нејасно зошто било дозволено да се управува со возило со неисправни сопирачки и дали директорот на „Јасен“ Новица Зечевиќ ќе понесе одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top