На автопатот во изградба „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, вечерва се урна дел од градежната машинерија, при што полесно се повредени тројца работници, а привремено е затворен и патот од границата меѓу Македонија и Косово, поточно од Генерал Јанковиќ до Качаник, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Министерството за инфраструктура на Косово, денеска околу 18 часот се лизнал кран во близина на последниот сегмент од мостот во изградба, кој е дел од автопатот и кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ до границата со Македонија.
– Поради безбедност во сообраќајот при интервенцијата на надлежните екипи, националниот пат Н2, кој ги поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ и со граничниот премин со Македонија, ќе биде блокиран за период од околу три часа. Ги молиме граѓаните да го избегнуваат движењето низ овој пат во споменатиот период, се вели во соопштението на косовското Министерство за инфраструктура, објавено нешто по 19 часот.
Според извори од болницата во Урошевац, тројцата работници се здобиле со полесни повреди и се вон животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст