| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Цела грчка елита призна дека се корумприрале политичари и новинари од регионот

Во гостување на ТВ Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски говореше за веста која одекна од Грција дека се поткупувале политичари и новинари во регионот, односно и во Македонија за пласирање позитивни вести и политики за јужниот сосед.

-За мене не беше изненадување со министерот за надворешни работи Димитров пред извесно време имавме дуел, ја отворив токму оваа тема. Доколку во деведесетите години Фрчковски му ндуел милион долари и ролекс на Киро Глигоров за промена на името, а денеска Кочо Анѓушев ја продаде фирмата, тогаш се поставува прашањето која е цената на договорот за промена на имета на Република Македонија? По некое време излезе оставката на Коцијас. Тука судирот е дали парите кои се потрошени за договорот дале ефект. Дали биле 11 милиони евра или 50 милиони евра. По ова е јасна една работа, која што ја признаа од Грција, а тоа е дека се коруприрале политичари и новинари во регионот, изјави Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top