| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Под ниво ми е да му се извинам на Вице Заев

Не ми на ниво, и немам намера да се спуштам под ниво на Вице Заев. Нивото кое што го има и сите скандали околу него не ми дозволуваат да се спуштам на тоа ниво и да се извинам. Ако не се согласува со тоа што го изјавив во јавност, може да демантира и да покаже со факти дека е поинаку.

Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура. Тие се чуствуваат дека имаат воспоставено диктатура, а за сите злодела ќе одговараат, ќе дојде ден. Ова вечерва во своето гостување на ТВ Алфа го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, запрашан дали ќе му се извини на бизнисменот Вице Заев, откако тој се закани дека Николовски има три дена да се извини..

– Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top