| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен маж со пушка во близина на зградата на Колинда

Во близина на зградата , каде што живее хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ е уапсен маж вооружен со пушка.

Тој со пушката се шетал по улицата пред зградата каде што живее претседателката. Веднаш реагирале специјалци со панцир и кациги , кои го уапсиле мажот. Пред влезот на зградата на претседателката е паркирано полициско комбе и автомобил.

,,Околу 15 часот добивме дојава дека непшознато лице се шета вооружен со пушка по Звонимирова улица. По брза акција , лицето е уапсено , ставено под надзор и донесено во службени простории . “, соопштуваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top