Околу 150 летови денеска се откажани од „Аеродром Брисел“ поради штрајк на носачите на багаж, кои протестираат поради условите за работа.
Штрајкот, кој синдикатите претходно не го најавиле, почна синоќа, поради што беа откажани 50 летови.
– „Аеродромот Брисел“ обезбеди кревети за 300 лица, кои беа приморани да ја поминат ноќта на аеродромот, изјави портпаролката на аеродромот.
Според неа, бројот од 150 откажани летови би можел да се зголеми во текот на денот.
Штрајкот на работниците на белгиската компанија „Авиапартнер“ влијае на 29 авиокомпании, меѓу кои „Рајанер“ и КЛМ, но не и на белгиската авиокомпанија „Брисел ерлајнс“, која користи друг оператор за носачи на багаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст