Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.А. (61) од село Џепчиште, тетовско, за сторени кривични дела “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и “недозволено изработување ,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
во мај годинава, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, помеѓу пријавениот и З.А. (30) од село Непроштено, тетовско, настанала расправија во врска со недавање предност во сообраќајот, по што пријавениот со возилото му го попречил патот на З.А. и со пиштол упатил закани по неговиот живот.
Следниот ден од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција калибар 7,9 мм, 8 парчиња муниција калибар 9 мм, 4 парчиња муниција од гасен пиштол и куршум од 6 мм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст