| четврток, 6 декември 2018 |

Крадци отвориле оган со автоматска пушка: Пукање синоќа во Сараево, убиен еден полицаец, друг се бори за живот (видео)

Во вооружена престрелка ноќеска во Сараево во населбата Алипашино поле, убиен e еден полицаец додека друг се бори за живот и е во критична состојба, потврдија од министерството за внатрешни работи на БиХ.

Како што јавуваат босанските медиуми, полицајците биле очевидци на крадци на автомобил во тоа подрачје со хрватски национални ознаки. Крадците откако биле фатени на дело отвориле оган кон полицајците од автоматска пушка, најверојатно „калашников“, по што имало кратка престрелка. Потоа крадците побегнале во непознат правец.

Како што јави Аваз.ба, едниот полицаец починал на лице место, а рано утрвото другиот бил опериран, а неговата состојба се уште е критична. Според порталот, тие во моментот кога биле фатени се обидувале да украдат автомобил „Голф“ 6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top