| четврток, 6 декември 2018 |

Кинотека на Македонија го одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Кинотека на Македонија ќе го одбележи  Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 30 октомври, вторник, 2018 во 12.00 часот.

Годинешново мото под кое низ целиот свет се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани е „Твојата приказна во движење“.

Кинотеката на Македонија по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењетона националното кинематографско наследство, и потребата истото да се сочува и пренесе на идните генерации.

Кинотека за Светскиот ден на аудиовизуелно наследство планира промоција на нова веб-страница на Кинотеката на Македонија, промоција на најновиот број на списанието „Кинопис“ и отворање на изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60 годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ (1958, р. Жика Митовиќ).

Светскиот ден на аудиовизуелно наследство се одбележува на 27 октомври, но настаните во негова чест се организираат околу овој датум. Одбележувањето на денот го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓунаародните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top