| четврток, 6 декември 2018 |

Танчери со Даунов синдром од Македонија освоија златен медал на светското првенство во Хип Хоп

Танчерите со Даунов Синдром од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“ го освоија првото место во пара-категорија на Светското Првенство во Хип хоп.

Вчера во Киелце, Полска, Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко покажаа дека се вистински амбасадори на нашата држава и уште еднаш докажаа дека кога им е дадена шанса можат и умеат да го направат невозможното возможно.

Тие веќе 5 години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории, откако ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори (деца со типичен развој) како и европски шампиони во повеќе пара категории освоени годинава во мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top