| четврток, 6 декември 2018 |

Дембеле бара поголема минутажа во Барселона, ако не ја добие ќе го напушти клубот

Францускиот крилен напаѓач, Осман Дембеле, е спремен да ја напушти Барселона следниот преоден рок доколку не добие поголема минутажа. Дваесет и едно годишниот Дембеле речиси не влезе во стартната постава на тимот во последните неколку натпревари.

Според шпанските медиуми, тој веќе ја информирал управата на „каталонците“ дека е спремен да замине во јануари доколку тренерот Валверде не почна посериозно да смета на него.

Играчот го следеше натпреварот од третата рунда од групната фаза од Лигата на шампионите против Интер (2-0) од клупата. И покрај отсуството на Лионел Меси, членот на светскиот шампион од францускиот национален тим не се појави на теренот.

За потсетување, во 2017 година, Барселона го купи Дембеле од Борусија Дортмунд Борусија за 105 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top