Во Младинскиот културен центар синоќа беше отворен 12. Интернационален театарски фестивал „Скупи“.
Министерот Адеми, во своето обраќање на отворањето на Фестивалот нагласи дека оваа манифестација е вистински пример за тоа како со љубов, ентузијазам и посветеност може да опстои и да се развива една идеја, еден фестивал на театарот.
– Веќе 12 години оваа манифестација ненаметливо, но упорно, го збогатува културниот простор во нашата земја со претстави кои можеби немаат голем институционален габарит, но тоа се продукции што промовираат врвни уметнички вредности и кои на културната јавност во нашата земја ѝ ги доближуваат актуелните уметнички тенденции во сферата на театарот. Интернационалниот фестивал „Скупи“ е манифестација која со себе има багаж на иновативни и прогресивни претстави кои, на задоволство на публиката и стручната јавност, секогаш отвораат нови перспективи и размислувања во контекст на општествените и социјалните предизвици со кои се соочуваме денес – рече Адеми.
На отворањето на Фестивалот, кој годинава се одвива под мотото „Преку границите“, беше изведена претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ на Театарот од Гњилане од Косово. Во наредните денови во рамките на фестивалската програма ќе гостуваат седум претстави од исто толку земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст