| четврток, 6 декември 2018 |

Балетската класика „Лебедово езеро“ на сцената на МОБ

Балетската класика „Лебедово езеро“ на 30 октомври во 20 часот е на сцената на Македонската опера и балет (МОБ).

Ода за моќта на љубовта! Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Во улогaта на Одета / Одилија ќе настапи Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата Принцот Зигфрид: Васил Чичијашвили (Грузија), Ротбарт: Игор Веланоски
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент: Бисера Чадловска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top