| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за ЕП 2020: Македонија вечерва во Битола ја пречекува Турција

Македонската ракометна репрезентација вечерва почнува нов квалификациски циклус, за Европското првенство 2020 година. „Црвено-жолтите“ во Битола со почеток од 20 часот и 15 минути ќе ја пречекаат селекцијата на Турција.

– Не очекува нов циклус квалификации во кој се надеваме на нови успеси. Знаеме која ни е целта. Имаме максимален респект кон сите репрезентации од групата. Се надевам дека со добра, квалитетна игра, на крајот да успееме во намерата да избориме пласман на ЕП. Треба овие натпревари да ги искористиме за што поподготвени да одиме на Светското првенство во јануари во Германија, изјави капитенот н најдобар македонски ракометар, Кирил Лазаров.

Веќе се одигра првиот натпревар од 1.коло во третата група. Во него Исланд со убедливи 35-21 ја совлада Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top