Астрологот Велимир Ремиќ открива дека од наталната карта на настраданиот Дарко Лазиќ гледа дека опасноста му се заканува од сообраќај.
-Дарко Лазиќ е Вага со подзнак во Бик. Во наталниот хороскоп има многу предизвикувачки аспекти во врска со сообраќаот, така што за него е подобро други да го возат, отколку сам да управува со автомобилот. Несреќата која се случи беше опомена од небото за конечно да се промени и да ги смени навиките кои за малку ќе го чинеа живот – вели познатиот астролог.
Ремиќ за српски Курир вели дека во годишниот хороскоп на повредениот пејач се гледа дека животот ќе му биде загрозен.
-Гледајќи го неговиот годишен хороскоп, јасно гледам животна загрозеност и опасност преку сообраќајот. Имено во третото поле на соларната карта се наоѓа планетата Плутон на морничави 18 степени и во егзактен квадрат со неговото Сонце во Вага во 12 куќа, болница, изолација. Покрај сето тоа соларниот Меркур му е во Шкорпија и во јака опозиција со Уран во Бик, што предизвикало стравична несреќа и уништување на автомобилот – објаснил астрологот и предупредил дека наредните денови се критични поради тешките аспекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.