Српски Телеграф ја објави веста дека Дарко Лазиќ кој во моментов е во критична состојба во болница во Земун, наводно настрадал со автомобилот поради поранешната сопруга Ана Севиќ.
Имено, според објавата на Телеграф, пред десетина дена Ана му соопштила дека ќе стапи во брак со своето момче.
По оваа вест пејачот константно бил во пијана состојба.
Веднаш по несреќата, додека се уште бил во свесна состојба, Дарко телефонски разговарал единствено со Ана.
Според последните информации, состојбата на Дарко е критична, а по откажувањето на функцијата на бубрезите и белите дробови, се здобил и со внатрешно крваvење.
Неговата бивша сопруга Ана со која ја имаат ќерката Лорена се огласи на друштвените мрежи и истакна дека единствено нешто што може да му помогне на Дарко во моментов е молитва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст