| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Џулија Робертс веќе не може да глуми во романтични комедии?

Оскаровката вели дека не може веќе да игра во романтични комедии освен ако не игра родители на главните јунаци

Убавата жена Џулија Робертс за Ентертејмент тунајд изјавила дека веќе не е за ромком филмови, пренесува Тајм.

-Дојдовме до точка во мојата кариера во која луѓето почнаа да мислат дека се завртев кон романтичните комедии, кои ги сакам, сакам да играм во ромком, сакам да ги гледам. Но, понекогаш едноставно не оди во одреден момент во животното искуство, освен ако не сме родители на луѓето кои се вљубуваат во ромкомовите.

Иако ова алудира дека се работи за годините, таа пресекува: „Не се работи за годините, туку за тоа што знаат луѓето дека знаете“.

Џулија Робертс во интервју за Ин стајл наведува дека сонува да е прекрасна и стајлиш како нејзината помлада колешка Блејк Лајвли.

-Сонувам да сум прекрасна и стајлиш како Блејк Лајвли. Еј, па секоја девојка мора да сонува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top