| четврток, 6 декември 2018 |

Силве и Тони го гушкаат светот на мотоцикл: Во мометов се на Тајланд

Силве и Тони на 20 јуни 2018 година од Македонија ја започнаа својата несекојдневна мисија, решија да го прегрнат светот заобиколувајќи го со мотоцикл. Патувањето го нарекоа “ГУШНИ ГО СВЕТОТ“, а нивната порака гласи: “Ве гушкаме сите, затоа што на светот му треба љубов, мир и соживот, сите сме еднакви и сите заслужуваме прегратки! Сакаат да покажат колку нивната мала држава Македонија од која го почнаа патувањето, која се наоѓа во срцето на Балканот е држава која има љубов и почитување кон целиот свет. Започнаа со многу љубов и милиони прегратки од цела Македонија, надевајќи се дека оваа мотоцикличка мисија нема да остане незабележана и ќе успеат да ја завршат.
Прегратката е топла, искрена, и човекољубива порака која ги обединува сите луѓе на планетата, без притоа да се искаже ниту еден збор. Прегрнувајќи ги луѓето од сите држави низ кои поминуват, ќе ја пренесат пораката дека луѓето низ светот треба да се сакаат без разлика на нивната боја, раса, национална или верска припадност.


Во моментов се во Тајланд и продолжуваат понатаму и покрај секојдневните изненадувања, патиштата секогаш носат непланирани трошоци, и со тоа се отежнува нивната цел. Да го стоплиме светот помагајќи им да го продолжат овој несекојдневен проект и со скромна донација да испратиме прегратки во светот, кои Силве и Тони ги споделуваат насекаде. Благодарам.

На овој линк можете да го погледнете нивното досегашно патување: https://embracetheworld.world/mk/

Можете да ги следите и на Facebook:
https://www.facebook.com/MacedoniaEmbracesTheWorld.world/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top