Шпанскиот лев бек, Маркос Алонсо, потпиша нов договор со Челси, објави клубот на своите страници на социјалните мрежи. Алонсо го продолжил договорот со „сините“ до 2023 година.
– Среќен сум што сум тука и што ќе продолжам да играм за еден од најдобрите тимови во светот. Зад мене се две добри сезони во Челси. Се надевам дека такви ќе бидат и оние што ми претсотјат, изјавил Шпанецот.
Маркос Алонсо има 27 години, а во Челси дојде од Фиорентина. Досега за „сините“ има одиграно 92 натпревари на кои постигнал 15 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст