Liebherr како светски бренд произведува широка палета на фрижидери и ладилници, кои се со корисни функции, имаат од свеж центар со 6 различни температурни зони, лед светла до автоматско ладење.
Апаратите за домаќинство се креирани по светски трендови во различни бои, вклучувајќи црна, беж, црвена, сина, зелена, портокалова со ограничена серија на изданија, дизајнирани со креативни дизајнерски налепници, телефонска кабина како во Лондон, Piant Art кои може директно да ги нарача или купи потрошувачот и кај нас во Техномаркет, од три со можност до 10 години гаранција.
„Ние, постојано ги пратиме светските трендови и сакаме на нашите купувачи да им овозможиме во нивното домаќинство или компанија, да понудиме комплетен фрижидер со функции кои ќе им бидат беспрекорни за нивните намирници. Имаме над 400 модели на фрижидери и ладилници димензии кои одговараат во сечиј простор во домот или работната просторија. Дневно се дистрибуираат повеќе од 7.000 висококвалитетни фрижидери и ладилници од фабриките на Liebherr, кои се со 100% техничка и визуелна контрола. Нашата целосна палета на производи може да се погледне или нарача во секоја продавница и во Техномаркет, Македонија“ вели Димитaр Вaлков, Трговски директор за Југоисточна Европа.
Од 2000та година во Бугарија, Liebherr отвора трета фабрика по ред за домашни апарати за ладење. Годишниот капацитет расте со текот на годините со самиот факт дека 2.000 вработени во текот на една година произведуваат речиси 1.000.000 фрижидери и ладнилници.
„Денес, сме 100% семејна компанија во која втора и трета генерација управуваат со група од над 130 компании ширум светот и имаме вработено речиси 44.000 луѓе. Liebherr International се наоѓа во Буле, Швајцарија и вклучува 11 независни делови. Обртот за 2017 година на групацијата достигна рекордно ниво од 9,845 милијарди евра, од кои 930 милиони се од одделот HAU за домашни апарати“ додава Вaлков.
Liebherr е семејна компанија која стана позната по изумот на само-подигнувачки подвижен кран, основана од Ханс Либхер во 1949 година во Германија.
Германската Liebherr фабрика за фрижидери и ладилници има скоро 2.000 вработени и произведува висококвалитетни премиум линии, самостојни и вградени модели. Годишното производство е 775.000 производи. Во 80-тите години во Австрија беше основана втора фабрика за ладилници на Liebherr во Лиенц. Со фокус на апарати за комерцијална употреба и вински ладилници, а годишното производство изнесува 400.000 производи и вработува 1.300 луѓе.
Kако Liebherr започнува со производство на фрижидери и ладичници?
По големиот успех со пронајдокот на првиот подвижен кран, Ханс Либхер од менаџер на филијали на неговата локална банка, дознава за фабриката за производство на фрижидери која била на продажба. Либхер го препознава големиот потенцијал на апаратите. Во тоа време, само едно од секои десет домаќинства во Германија имало фрижидер, така што со растечката економија, побарувачката беше во пораст.
Ханс Либхер одлучил да не ја купи компанијата, туку наместо тоа изградил сопствени производствени капацитети на локацијата Охсенхаузен во Јужна Германија (во близина на Минхен). Во 1954 година, беше направен првиот фрижидер, а производството на серии започна само една година подоцна.
Интересен факт е дека во 2007 година, Либхер купил мала фабрика во Малезија, со фокус на апарати за комерцијална употреба. 2018та, во Аурангабад, Индија беше отворена петтата фабрика Liebherr за домашни апарати со планирани капацитет од 200.000 производи годишно.
Во текот на годините, Liebherr се стекна со бројни награди од светски познати институции како Red Touch, Plus X, ID дизајн награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст