Дехидрирано, но без знаци на повреда било бебето кое вчера било донесено на Клиниката за детски болести во Скопје, а во придружба на полиција и со екипа на Итна медицинска помош. По мајката на бебето, која, неофицијално, се породила дома, сѐ уште се трага, а новороденчето лежи само на Клиника, пишува Плусинфо.
Бебето, за кое надлежните не откриваат дали е машко или женско, било донесено од насебата Стар Аеродром, каде вчера во зградата на улицата „Методија Шаторов Шарло“ се случувала вистинска драма. Од раните утрински часови во станот имало викотници. Околу 11 часот женско лице пријавило дека во нејзиниот дом на оваа улица се појавила нејзината ќерка со новороденче во рацете.
– Во 11.40 часот вчера на Клиниката за детски болести е примено новороденче, во придружба на полиција. По приемот и проценката на виталните функции на одделот за интензивна нега, новороденчето со стабилни параметри е префрлено на одделот за неонатологија. При приемот бебето било дехидрирано, но без знаци траума. Тоа е со стабилни параметри и почнало да се храни. Контактирани се социјалните служби, изјавиле од Клиниката за детски болести и фебрилни состојби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст