Трговски брод од стара Грција, чии облик досега бил виден само како украс на древни керамички предмети.
Археолозите кои го истражуваат Црно море, соопштиле дека бродот е пронајден во близина на бугарскиот брег на длабочина од дури 2000 метри, во услови без кислород, благодарејќи на што и дрвениот брод останал сочуван до денеска.
Со анализа на земените делови од бродот со радиоактивен јаглен стручњаците утврдиле дека бродот е постар од 2400 години.
Подморските археолози инаку цели три години го истражувале овој дел од Црното море, користејќи техника која претходни им била достапна само на компаниите за вадење на нафта.
Групата археолози и истражувачи во водите на Црното море досега пронашле 60 остатоци од бродови, меѓу нив е и еден брод од козачката флота од 17 век, еден трговски брод од Стариот Рим со амфора на него.
Изложбата за овој проект ќе биде отворена деновиве во Британскиот музеј во Лондон, изложба во чии рамки ќе биде прикажан и документарен филм за ова значајно откритие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст