| четврток, 6 декември 2018 |

Бившата сопруга потресена, не се трга од вратата каде лежи Дарко Лазиќ (фото)

Семејството и сегашната девојка на Дарко Лазиќ, Марина, уште од вчера постојано се покрај пејачот во земунската болница, каде беше донесен вчера по тешката сообраќајна несреќа. Тој вчера беше на апарати, но како што јавуваат српските медиуми, докторите успеале да ги стабилизираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коска. Сепак, тој се уште е во тешка состојба, со хематом на главата, скршени ребра, нога, бутна коска…

Во болницата пристигна и неговата бивша сопруга, Ана Севиќ, која цело време е пред вратата на собата каде што лежи Лазиќ, пишува „Телеграф“. Ана е видно потресена и очајна поради лошата состојба во која се наоѓа пејачот.

Во болницата пристигнале и роднините од Германија, за поддршка во овие тешки моменти.

Не се знае дали ќе преживее Дарко Лазиќ (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top