| четврток, 6 декември 2018 |

Експертите тврдат дека совршениот маж и совршената жена изгледаат вака

Истражувачите тврдат дека дека направиле фотографии од совршените маж и жена, комбинирајќи ја структурата на лицата на најпривлечните познати личности, пишува “Daily Mail”.

Тим експерти од “Men’s Pharmacy” ги проучувале фотографиите од холивудските ѕвезди кои се сметаат за најпривлечни, и комбинирајќи ги нивните црти на лицето, тие креирале фотографии од совршениот маж и совршената жена.

Во своето истражување, тие се воделе според резултатите од две анкети од списанијата “Glamour” и “Ranking”, во кои читателите гласале за тоа кои од славните личности ги сметаат за совршени.

Со тоа, совршениот маж има кадрава коса како Ејдан Тарнер, очи како Том Харди и вилица како Крис Хемсворт.

Совршената жена, пак, е комбинација од Кејт Аптон, Скарлет Јохансон и Александра Дадарио.

“Секоја година мажите и жените ширум светот расправаат за тоа кои се најсекси луѓето на планетата, а ние одлучивме еднаш засекогаш да ја решиме таа расправа така што науката и технологијата ќе одлучат за резултатите”, изјавила директорката на маркетинг на “Men’s Pharmacy”, Ешли Ели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top