Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15. издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44. издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита.
Започнувајќи од МЕБЕЛ 2018 стартуваше настанот ТЕХНОИНВЕНТ кој продолжува и во рамките на овие саеми, а ќе трае до 28 октомври. Низата на настани, дебати и презентации се на тема еко-енергетика, технолошки иновации, иновации во градежништвото, но и за вработување во секотри кои допрва ќе се отвараат на македонскиот пазар на труд. Една од дебатите на тема: „Аналитичари на одржлив развој” – се однесува на создавање на работни места за млади и невработени лица со цел стекнување на компетенции, со акцент на намалување на штетното влијание врз животната средина, остварување на заштеди во работните процеси и домаќинствата како и зголемување на општествената одговорност во организација на имплементатор на ЕУ Проект – Еко Логик – Скопје.
Како што може да се види од програмскиот дел, акцент се става на енергетиката, заштедата на енергија, користењето на материјалите за енергетска ефикасност, заштита на околината, рециклирање. Технома – Градежништво – RealExpo се од важен интерес за архитектите, проектантите, дизајнтерите, градежниците како и широката публика. Најголем фокус годинава ќе се даде на презентацијата за „Енергетска ефикасност” организирана од програмскиот партнер на ТЕХНОМА и Градежништво – Европска Банка за обнова и развој преку ГЕФФ проектот (Green Economy Financing Faculty) каде на тематско – едукативната дискусија ќе се разговара за оперативните чекори за успешно информирање и користење на условите кои ги имаат банките и крајните корисници (граѓаните) за користење на ресурсите за подобрување на енергетската ефикасност во домовите. Спојот на двете саемски манифестации несомнено ќе придонесе да се направи единствен настан од голема важност за изложувачите и за посетителите. – изјави Валентина Димитрова – оперативен директор на проект – Скопски саем.
RealExpo за сите граѓани на Р. Македонија ќе понуди големи поволности за купување на станови како и поволности за купување на имот.
Како и секоја година, во програмскиот дел е вклучена и Макинова, која ќе ги презентира последните достигнувања, пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, индустриски дизајн, трговски марки, младинско – истражувачко и кретаивно творештво. ЕКОНОВА како изложбен дел на МАКИНОВА ќе се претстави на темата на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.
Работното време на саемите е секој работен ден од 24 до 28 октомври од 10:00 до 19:00 часот. Цената на билетите е 80 денари, а групни посети по 40 денари. On-Line билети преку мрежата на: www.mktickets.mk и www.karti.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст