| четврток, 6 декември 2018 |

Лични предмети на Kашоги пронајдени во дипломатско возило?

Истражни органи пронајдоа два куфера, во кои се наоѓале лични предмети на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, при претрес на автомобил во сопственост на саудискиот Конзулат во Истанбул, објави турската телевизија Си Ен Ен – Турк.

Очевидец тврди дека саудиска екипа ги придружувала турските истражители додека тие вршеле претрес на паркингот во истанбулскиот кварт Султангази, каде бил пронајден автомобилот.

Меѓу предметите во возилото, кој е со дипломатски таблици, се откриени компјутер и документи, за кои се тврди дека се на новинарот.

Истражните екипи го прекинале претресот на автомобилот до утре изутрина. Во рамки на истрагата ќе се проверат и снимките од безбедносните камери. Утврдено е дека на 18 октомври автомобил со дипломатски таблици влегол на паркингот и по кратко време заминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top