| четврток, 6 декември 2018 |

Никој нема да ви го скрши духот, Македонијо, напред!

Никој нема да ви го скрши духот, никој не може да ви го одземе она што природно ви припаѓа, рече во завршниот дел од говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила и знаење и мотивација да им стави крај на неправдите и неуспехот.

-ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот, припаѓа на народот, а тој, секогаш победува. Нема време за очајување, Македонија мора напред, со принципи, мудрост  и храброст. А ВМРО ДПМНЕ од секој предизвик ќе излезе посилна, поцврста и поуспешна. И затоа Македонијо, напред! Македонијо, напред!, повика лидерот Мицскоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top