Јас немам никаков интерес да бидам политички коректен кон Зоран Заев и неговата свита – тие не го заслужуваат тоа, јас имам должност да бидам коректен и вистинит само кон мојот народ. Зоран Заев и Радмила Шеќеринска не можат да бидат решение на проблемот – тие СЕ проблемот на оваа држава. Последните остатоци од мрачната транзиција, морничави сенки кои стојат помеѓу нас и нашето место под сонцето.
-На Македонија ѝ требаат политичари кои имаат силни принципи и кои можат да ја обединат нацијата околу заедничките вредности. На Македонија и требаат лидери на сите нивоа кои ќе ја отфрлат омразата и поделеноста кои го трујат нашето општество. Можеме и имаме право да сакаме, да ги сакаме нашите најблиски, нашите семејства, нашите пријатели и да им простиме на оние со кои гласно не сме се согласувале. Зашто длабоко во себе верувам дека сите кои живееме под ова сонце и сите кои чекориме по ова парче земја, сите сакаме едно исто. А тоа исто се вика Македонија.
Македонија е земја на добри, вредни и несебични луѓе, кои премногу долго се водени од злонамерни, мрзеливи и себични политичари. Не можеме да продолжиме вака.
-Никогаш не дозволувајте да ве убедуваат дека не можете да го имате тоа што го сакате во животот. Никогаш не дозволувајте да ве лажат дека тоа што го посакувате може да ви биде подарено од страна. Ние можеме да имаме држава каква што сакаме, но за неа треба ние да сработиме и никој друг. Никој друг нема да дојде да ја заврши работата за нас.
Никогаш не дозволувајте да ви кажат дека Македонија е премногу мала и немоќна за да победи, затоа што не постојат мали и големи држави и мали и големи народи. Постојат само луѓе кои се малодушни и луѓе кои веруваат дека се творци на сопствената судбина.
Тажната вистина е дека Македонија го допре дното со Зоран Заев на чело. Среќната околност е што од сега, ние можеме да одиме само нагоре, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Македонскиот народен театар, на одбележувањето на 125-годишнината од основањето на ВМРО.
-Им се обраќам на сите граѓани на нашата држава, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци: на Македонија и требаат вашата енергија, вашата сила, вашите таленти и способности, вашите соништа и надежи. Цврсто верувам дека заедно ќе ја напрвиме Македонија земјата за која сме сонувале и која сме ја посакувале. Не можеме да си го дозволиме некомпетентноста и срамот на Зоран Заев.Македонија се уште ги нема видено своите најдобри денови. Тие се пред нас.
А, ако патот до таму води преку македонското политичко мочуриште, исполнето со транзициски ликови, тогаш ќе го поразиме и ќе го тргнеме од нашиот пат. Еднаш за секогаш.
Процесот на европеизавција на Македонија е прашање на внатрешната политика, која понатаму ќе се огледа во надворешната политика. Евроепизацијата треба да почне од дома, од нашиот систем на вредности, нема незаслужени работи, а нас не чека многу работа.
Да промениме системот по европски стандарди. А ЕУ е нашата цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст