| четврток, 6 декември 2018 |

Добредојдени сте во отпорот против ова зло: ВМРО-ДПМНЕ ќе прави пактови, ќе урива бариери и ќе ги обединува сите загрижени за Република Македонија

Структурите кои се опфатени со политичкиот прогон на власта не дочекаа политички, со аргументи да му се спротивстават на ова зло кое управува со земјата, туку решија да одработат валкана работа за оваа власт и да се стават на располагање. Тоа е нивниот избор, како што е мојот да продолжам напред со реорганизирано ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на ВМРо-ХРистијан Мицкоски, вечерва, на 125-годишнината од основањето на историското ВМРО.

Зборувајќи за, како што рече, вмровските работи, Моцкоски забележа дека има и „огромно мнозинство кое не потклекнува на уцените и заканите од власта и кое по цена на сопствената слобода продолжува да му служи на народот“.

-И во наредниот период од месец до два очекувам да продолжи истата медиумска амрадила оркестрирана од еден ист центар со валкање на моето име, и нема да се штедат измислици, и невистини со кои ќе сакаат да ја избришат вистината, па ќе кажуваат дека сум имал вакви или такви бизниси, дека сум земал пари од вакви или такви финансиери, дека сум играл нечесно, дека сум бил происточно ориентиран, и што уште не, па потоа ќе следи уште една кампања за тоа како ВМРО е небитно, како Мицкоски е слаб, нема контрола, дека паѓаме дека има вакво или такво крило и таканатаму. Забораваат дека Македонија е мало место и се се дознава па и ваквите планови за ширење на невистини, но едно треба да знаат дека тоа нема да не ослаби, туку ќе не направи посилни, уште повеќе мотивирани да истраеме и победиме. Затоа што вистината е нашиот најголем сојузник.

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави пактови, ќе урива бариери и ќе ги обедиува сите поединци, струи, организации, интелектуалци, млади, и зрели личности кои се загрижени за состојбата во државава, рече Мицкоски на свечената академија во Македонскиот народен театар.

-Сакам да се обратам и до чесните  членови на СДСМ. Знам дека се чуствувате обесправени, дека голем дел од вас не сте среќни со она што се случува со вашата партија и со нашата земја, и без оглед на се, Македонија ви е најважна. Не можете да сте и вие среќни кога гледате дека колективната несреќа завладува во нашето општество. Треба да го кренете гласот, бидејќи ова не е иднината која ја посакувате, обединети во нашата заедничка мисија за Македонија, добредојдени сте во отпорот против ова зло, олицитворено во Заев.

Некој ќе рече се е готово, се пропадна, јас ќе речам ништо не е готово, откажувањето не е опција. Владата веќе нема легитимет, а денот кога и да бидат изборите јас ќе ве потсетам да не верувате во оние кои веќе еднаш за се ве излажаа.

Водењето на држава е како семејството. Сега ви дојдоа натрапници во дворовите, непоканати ви го заседнаа вашиот имот, ако не ги спречиме ќе дојдат и ќе ви го одземат ходникот, па кујната, па дневната, на крај ќе ви ја одземат куќата, а никој од вас нема да биде моќен да го повика соседот отспротива, бидејќи и тој ја има истата мака со натрапниците. Ако не го кренеме гласот сега против ова зло ќе продолжиме да ја губиме земјата, дел по дел, чекор по чекор. Затоа е потребно да се кренеме против да бидеме обединети и сложни додека не биде предоцна, потенцира Мицкоски.

Имаме земја која ја сакаме, на која сме горди и која немаме намера да ја изгубиме, нагласи Мицкоски и потсети:

-Вие одлучувате. Имате две можности, една Македонија која тоне и друга која забрзано се развива. Една Македонија на СДСМ – земја со уништена економија, загубени работни места, понижена дома и во страство и Македонија предводена од новата генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени за да ја донесат промената која долго ја посакувате.

Иднина која е подобра од сегашноста, иднина која засекогаш ќе раскрсти со мрачното минато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top