| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Пеколно не боли вашата подвиткана кичма – попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини

Ни се случи црниот петок. Бевме сведоци на предавство на нашата Татковина, предавство во кое за жал, за голема жал, учествуваа и наши доскорешни сестри и браќа! Тивко е на Ножот, прочитав еден фејбук статус таа вечер, очигледно со алузија на историската епопеја и паралелата со денешните настани. Тивко и пеколно болно беше во моето срце таа вечер. Тивко и мачно беше во нашиот штаб. Тивко, мачно, болно, гневно, очајно беше во македонските домови, во македонските градови и села – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обраќајќи се пред присутните во МНТ каде  денеска се одбележува 23 октомври, Денот на револуционерната борба.

Тој се обрати на оние кои гласаа за уставни измени, осумте пратеници кои не останаа на партиската одлука:

-Сакам денес овде со вас, пред вас и пред целата македонска јавност, директно да се обратам до оние кои паднаа, кои не останаа на висината на задачата, кои дезертираа, кои не издржаа. Знаете ли што покрај предавството кое го направите кон Татковината која ве одгледала силно не заболе таа вечер?! Знаете ли што ги параше нашите срца?!
Што пиштеше во нашите души?! НЕ ЗАБОЛЕ И ТОА ПЕКОЛНО БОЛНО – ТОА ШТО ВЕ ВИДОВМЕ СО ПОТСВИТКАНА КИЧМА!!!
Не подвиткана како онаа на Заев, кој можеби и воопшто нема кичма, но од црниот петок наваму и вашите кичми се подсвиткани! НЕ ИЗДРЖАА ВАШИТЕ ПЛЕЌИ! Не издржаа иако до пред некој ден не убедувавте, се фалевте и ширевте митови дека на вашите плеќи се крепи Македонија! Не издржавте, иако знаевте дека за огромен дел од вас СЈО ви монтира и пакува случаи во удбашки стил! Попуштивте, иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини!

Понатаму Мицкоски додаде:

Колку и вие да се замислувате и самоубедувате дека не поткленавте, дека вие сте оние со визија, а ние не ја разбираме политиката, ќе остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата.
Од удирањето во гради Ве заболеа плеќите!
Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака, нам срцето ни се кинеше. Пеколна болка е тоа.
Направивте неприроден, недостоинствен, неавтентичен потег со тоа дигање на раката и така ја срушивте вашата кичма.
Затоа и веќе колку и да се трудите нема да можете да чекорите простум! Дека нема да можете да погледнете на народот во очи! Ги скршивте нашите срца, ги повредивте нивните души!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top